НОВОСТИ > Нова победа за потврда на прволигашниот статус!

Нова победа за потврда на прволигашниот статус!

КМФ КЛИМИ.мк на домашен терен успеа да ја совлада незгодната екипа на КМФ Мал Ајакс…

23 април 2023

КМФ КЛИМИ.мк на домашен терен успеа да ја совлада незгодната екипа на КМФ Мал Ајакс од Штип со резултата 3:2 ( 3:2 ) и со оваа победа уште еднаш го потврди својот пласман во првата футсал лига. Сите голови се постигнати во првото полувреме.

Стрелци за КМФ КЛИМИ.мк се Чоков Димитар, Спасовски Жарко и Аризанов Виктор, додека прецизни за КМФ Мал Ајакс беа Синанов Сердар и Белчовски Ангел.

Следен и последен натпревар за оваа ( 2022-2023 ) сезона КМФ КЛИМИ.мк ке го одигра на 05.05.2023 против екипата на КМФ Бутел во сс.ЈАСМИН – Кавадарци