Идејата за создавање на КМФ КЛИМИ.мк е остварување на еден одамнешен сон на една мала група рекреативци познати меѓу себе како членови на “КАФЕЗ” кои со голема љубов и желба се натпреваруваа меѓусебно и уживаа во магиите на малиот фудбал ( футсал ). Сонот станува реалност во летото 2019година кога по иницијатива на претседателот г.Ефтим Илиев а со огромна поддршка на останатите членови на управниот одбор се формира здружението на граѓани КЛУБ ЗА МАЛ ФУДБАЛ КЛИМИ.мк – КАВАДАРЦИ и истото пријавува учество во втората футсал лига при Фудбалската Федерација на Македонија.

Резултати и пласман:
– сезона 2019-2020 – 4то место втора футсал лига ( прекината поради пандемија COVID-19 )
– сезона 2020-2021 – 3то место втора футсал лига
– сезона 2021-2022 – 3то место втора футсал лига
– сезона 2022-2023 – 1во место втора футсал лига ( пласман во прва футсал лига и освојување на шампионска титула во втората футсал лига )

Основачи и членови на управен одбор:
– Ефтим Илиев ( Претседател )
– Лазар Шемов ( Секретар )
– Тошко Ристов
– Живко Костадинов
– Александра Илиева Атанасова